Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна ниту случајна, соопшти СДСМ, оценувајќи дека станува збор за опасен обид за директен удар врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата.
Од опозициската партија прашуваат зошто ваква резолуција се носи токму сега, во момент кога, како што велат, сè повеќе информации и докази излегуваат во јавноста за договор кој со месеци е предмет на интерес на британските медиуми, но и на домашната јавност.
„Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна расправа за една крупна и важна тема. Тема за која не зборува само опозицијата, туку и релевантни странски медиуми, како и официјални претставници“, се наведува во соопштението.
Според СДСМ, секојдневно се појавуваат нови информации поврзани со договорот со Велика Британија, а дополнителна потврда, како што тврдат, дошла и од редовите на самата Влада. Како пример го наведуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој јавно потврдил дека голем инфраструктурен проект е дел од поширок меѓународен договор со Британија.
„Граѓаните одамна знаат што значи тоа. Со што е врзан овој договор? Што треба Македонија да прифати за возврат за 6 милијарди евра кредити? Одговорот е јасен за сите“, велат од СДСМ.
Партијата оценува дека токму поради овие прашања се носат, како што велат, неуставни резолуции, со цел да се воведе забрана за говор, да се замолчи опозицијата и јавноста да се држи во страв.
„Ова е обид да се забрани дебата за вистината која веќе е позната. СДСМ, заедно со граѓаните, ќе се спротивстави на ова опасно сценарио и ќе се бори за правда, демократија и слобода на говор“, се наведува во соопштението.
Слични новости
Од 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, само мали недоследности
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња
Утрово најстудено во Берово
Според најновиот извештај од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрово најниските температури биле – главно – во источниот дел на земјава
Големо аерозагадување во Скопје, препораки за заштита
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати препораки и совети до граѓаните, поради енормното загадување на воздухот


