Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, мора да донесува одлуки кои се правно и конституционално втемелени, транспарентни и во согласност со Уставот на Република Северна Македонија без притисоци и политички влијанија, велат во партиско соопштение од опозицката СДСМ.
„Остро ја осудуваме политизацијата и манипулациите со чувствителни прашања, кои имаат потенцијал да ја нарушат стабилноста на државата и да го предизвикуваат соживотот. Оваа пракса на поттикнување тензии, како шт о видовме од некои политички актери, не придонесува за решавање на проблемите, туку напротив, ги продлабочува. Одговорноста за иднината на нашата држава е заедничка, и никој нема право да го злоупотребува Законот за употреба на јазиците за теснопартиски интереси“ се навдува во соопштението на социјалдемократите

Затоа сме со став, дека секоја измена во Законот за употреба на јазиците мора да биде во согласност со препораките на Венецијанската комисија. СДСМ, имено, стои на ставот дека сите законски решенија мора да бидат јасни, применливи и во согласност со европските стандарди, но и во духот на мултикултурата во Република Северна Македонија и Охридскиот Рамковен договор.
СДСМ ќе продолжи да се залага за мултикултурно, европско и демократско општество, во кое правата на сите граѓани ќе бидат максимално заштитени, а законите ќе се спроведуваат во согласност со највисоките правни и демократски стандарди.
Ги повикуваме сите политички партии да бидат конструктивни во овој процес, со цел да се одржи стабилноста и меѓуетничката доверба.
Слични новости
Владата ги донесе измените и дополнувањата на Законот за медиуми
Владата на денешната 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми
Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.
Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева
Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот