СДСМ бара од македонската влада да одговори дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија. По посетата на македонска делегација која деновиве беше во Лондон на Самит за Западен Балкан, од СДСМ бараат од премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќање на мигранти и мигрантски кампови во Македонија.
За време на самитот, британскиот премиер Кир Стармер на платформата Икс напиша дека постои криминален автопат што води низ Западен Балкан, кој ги води нелегалните мигранти директно во Велика Британија.
„Нашата задача е да го затвориме и да ги разбиеме организираните шверцерски банди што го водат. Ги здружувам земјите за да се справат со овој заеднички предизвик“, напиша Стармер на социјалната платформа Икс.
Слични новости
Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска


