ВМРО-ДПМНЕ и натаму има највисок рејтонг кај политичките партии во Македонија, а истата состојба е и во мерењто на рејтингот на лидерите на политичките партии, покажа анкетата на Маркетвижн спроведена од 2-18 март за порталот МКД.мк.

Според резултатите на оваа анкета ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 24 насто, втора е коалицијата Вреди со 5,1 насто, трет е СДСМ со 4,9 насто, ДУИ има рејтинг од 4,8 насто, Левица 3,1, а ЗНАМ 2,1 проценти.

Кај лидерите на политичките партии Христијан Мицкоски има рејтинг од 25,2, втор е Али Ахмети со 5,6. Трет е Димитар Апасиев од Левица со 4,2, Изет Меџити има рејтинг од 3,9, а Венко Филипче е дури петти со рејтинг од 3,6 насто.

СДСМ саркастично ја коментираше анкетата како нарачка од владејачката партија.  

 

 

Слични новости

СДСМ денеска одржува Конгрес

СДСМ денеска одржува Конгрес

Првиот човек на сдсм, Венко Филипче смета дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.