Опозициската СДСМ соопшти дека техничката влада мора да остане како единствен механизам за обезбедување чесни и фер избори, обвинувајќи ја актуелната власт за системска злоупотреба на институциите, притисоци врз правосудството и загрозување на демократските процеси во државата.

Од партијата наведуваат дека, според нив, планот на премиерот Христијан Мицкоски и, како што ја нарекуваат, тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ, не бил насочен кон дијалог и реформи, туку кон однапред договорени предвремени избори и одржување на, како што тврдат, коруптивен систем.

„Станува збор за смислено сценарио во кое сите институции се заробени во канџите на власта, а државата намерно се држи во изолација за да продолжат криминалните тендери“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Партијата обвинува дека преку законски решенија и резолуции се врши удар врз слободата на говорот на опозицијата, се гуши демократијата и се создава атмосфера на страв

СДСМ соопшти дека нема да учествува во, како што го нарекува, „легитимирање на вакво сценарио“, туку ќе продолжи јавно да му се спротивставува.

 

Слични новости

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец, па во двете недели од нападот на САД и Израел врз Иран