Од СДСМ обвинуваат дека случајот со враќањето на Артан Груби е дел од „однапред смислено сценарио и политички дил“ на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, власта однапред знаела како ќе се одвиваат постапките и јавно најавувала исходи.

Од СДСМ тврдат дека станува збор за координирана кампања и „театар“ со контрадикторни информации околу безбедносните проценки.

Партијата оценува дека власта со спинови и пропаганда се обидува да ги прикрие неуспесите и проблемите во управувањето со државата. 

Слични новости

Бројот на заболени од грип се намалува

Бројот на заболени од грип се намалува

Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.