ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во Европската Унија, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по вчерашните избори во Унгарија на кои досегашниот премиер Виктор Орбан изгуби од лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар.Според СДСМ, граѓаните на Унгарија јасно рекле „доста е автократија!“
„По 16 години владеење на Виктор Орбан, неговиот недемократски режим падна. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во Европската Унија. Нема повеќе криење на Никола Груевски во Будимпешта, тајни бизнис-комбинации, ниту кинески пари кои доаѓаа преку тој режим“, се вели во соопштението на СДСМ.
Лидерот на СДСМ Венско Филипче во објава на ИКС напиша дека недемократскиот режим на Орбан паднал како што неговата партија најавувала со месеци и дека веќе нема да може Груевски да се крие во Будимпешта.
Слични новости
Следува период на променливо и постудено време
Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.
Пратениците ќе одлучуваат за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Собранието денеска треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски.
Од полноќ дизелот поскапува на 98 денари, а еуросуперот БС-95 поевтинува на 83,5 денари
Во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.


