ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во Европската Унија, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија  по вчерашните избори во Унгарија на кои досегашниот премиер Виктор Орбан изгуби од лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар.Според СДСМ, граѓаните на Унгарија јасно рекле „доста е автократија!“

„По 16 години владеење на Виктор Орбан, неговиот недемократски режим падна. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во Европската Унија. Нема повеќе криење на Никола Груевски во Будимпешта, тајни бизнис-комбинации, ниту кинески пари кои доаѓаа преку тој режим“, се вели во соопштението на СДСМ.

Лидерот на СДСМ Венско Филипче во објава на ИКС напиша дека недемократскиот режим на Орбан паднал како што неговата партија најавувала со месеци и дека веќе нема да може Груевски да се крие во Будимпешта. 

 

 

Слични новости

Обвинителството објави снимка на која Стојанче ја удира Ивана само неколку часа пред таа да се самоубие

Обвинителството објави снимка на која Стојанче ја удира Ивана само неколку часа пред таа да се самоубие

Како доказ обвинителката Адела Бојчиќ презентираше видео снимка од катната каража позади судот во кое Стојанче и удира шамар на Ивана и тие се расправаат, по што таа се јавува некаде.