ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во Европската Унија, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по вчерашните избори во Унгарија на кои досегашниот премиер Виктор Орбан изгуби од лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар.Според СДСМ, граѓаните на Унгарија јасно рекле „доста е автократија!“
„По 16 години владеење на Виктор Орбан, неговиот недемократски режим падна. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во Европската Унија. Нема повеќе криење на Никола Груевски во Будимпешта, тајни бизнис-комбинации, ниту кинески пари кои доаѓаа преку тој режим“, се вели во соопштението на СДСМ.
Лидерот на СДСМ Венско Филипче во објава на ИКС напиша дека недемократскиот режим на Орбан паднал како што неговата партија најавувала со месеци и дека веќе нема да може Груевски да се крие во Будимпешта.
Слични новости
Поднесено обвинение против три лица за кражба на кабли од кругот на „Железара“
Скопското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен акт против три лица кои како соизвршители минатата година на почетокот на мај украле кабли од кругот на фабриката „Железара“ во Скопје.
Макпетрол ќе продава поевтини бензини и дизел за два денара по литар од цената што ја соопшти РКЕ
Малопродажните цени на горивата на бензинските станици ќе се продаваат со намалена цена од 2 денaра за литар за Еуросупер БС-95 и за Еуросупер БС-98 во однос на малопродажните цени објавени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), соопшти АД Макпетрол.
Државниот завод за ревизија бара да се преиспита распоредувањето на парите за реклами на изборите
ДЗР смета дека распределбата на јавните пари значително ги фаворизира најголемите политички партии


