ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во Европската Унија, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по вчерашните избори во Унгарија на кои досегашниот премиер Виктор Орбан изгуби од лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар.Според СДСМ, граѓаните на Унгарија јасно рекле „доста е автократија!“
„По 16 години владеење на Виктор Орбан, неговиот недемократски режим падна. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во Европската Унија. Нема повеќе криење на Никола Груевски во Будимпешта, тајни бизнис-комбинации, ниту кинески пари кои доаѓаа преку тој режим“, се вели во соопштението на СДСМ.
Лидерот на СДСМ Венско Филипче во објава на ИКС напиша дека недемократскиот режим на Орбан паднал како што неговата партија најавувала со месеци и дека веќе нема да може Груевски да се крие во Будимпешта.
Слични новости
Нов минималец усогласувањето од 1.600 денари излезе во Службен весник
Со ова мартовските примања на оние кои добиваат минималец ќе изнесуваат 26.046 денари. Според, последните податоци за синдикалната минимална кошничка која секој месец ја објавува ССМ една минимална плата оди само за храна и пијалаци.
АВМУ: Носителите на јавните функции не смеат да ги дискредитираат новинарите
Соопштението на АВМУ уследи по реакцијата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на новинарско прашање поставено од новинар на ТВ Канал 5 за време на јавен настан наменет за медиумите.
Инспекција ја затвори мензата во „Рек Битола“поради сомневања за труење со храна
Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат ја затворија мензата во „Рек Битола“ поради сомневања за труење со храна. Велат така ќе остане се до добивање на конечни резултатите.


