„Цените во маркетите растат а граѓаните живеат се потешко. Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од т.н „новогодишна кошничка“ кога трговците веќе ги зголемија цените на овие производи.

Политиките на власта со „кошнички“ се промашени и немаат никаков ефект. Измамата со кошничките граѓаните ја гледаат секој ден во маркетите каде што цените се зголемени. Тоа го потврдуваат и последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажуваат поголема инфлација за 4,3% во месец ноември и зголемување на цените на мало за 3,5%.

 

Високите цени и инфлацијата ги јадат семејните буџети, граѓаните имаат се помалку пари а тоа води кон поголема сиромаштија.

Лошите политики на Мицкоски удираат директно по џебот на народот.

Намесот лаги и манипулации власта треба да почне нешто да работи за заштита на стандардот на граѓаните и да ги прифати издржаните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите“, се вели во соопштението на СДСМ.

globe

Слични новости

Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на Македонија

Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на Македонија

Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на државава, изјави денеска на почетокот на конференцијата во Скопје за квалитетот на воздухот, директорот на Светска банка за Косово и Македонија, Масимилијано Паолучи

КСПС: Одливот на кадар во правосудството е алармантен, има уназадување во перформансот и бројот на решени предмети

КСПС: Одливот на кадар во правосудството е алармантен, има уназадување во перформансот и бројот на решени предмети

Подобрување во јавноста и достапноста на податоци за судењата, но и уназадување во перформансот и бројот на решени предмети. Формална, но не и суштинска транспарентност во работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и значителен одлив на кадар од судството и јавното обвинителство, покажуваат извештаите на Коалиција „Сите за правично судење“ што беа презентирани на годишната конференција за презентација на анализите за 2024 година.