Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска), околу случајот на „Сити Аутсорсинг“.

„Фирма која добила 161 тендер, вредни 9 милиони евра а само годинава заработила речиси половина милион евра. Фирма со семејни врски на Ивица Томовски, актуелниот директор на СОЗР со оваа фирма.

ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, но нема да дозволиме тоа да биде само уште еден случај во кој се „перат“ функционерите на ДПМНЕ.

Оваа пријава ја поднесуваме ДКСК темелно да ги испита донациите на Томовски кон ДПМНЕ, кој во неколку наврати надминуваат сума од 800.000 денари“, порача Петар Огненовиќ од СДСМ.

Тој праша дали донациите се поврзани со споменатата фирма.

„Дали донираните пари се поврзни со оваа фирма? И веќе кога Томовски се оградува и негира поврзаност со било каква фирма и приватен бизнис, од каде тогаш е потеклото на парите кои ги донира Томовски? Од каде има некој 800.000 денари да ги донира, од плата?  ДКСК треба да истражи и да даде одговор на овие прашања“, порача Огненовиќ.

globe

Слични новости

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ во врска со мигрантите

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ во врска со мигрантите

ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и од ЗНАМ подготви и поднесе Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, составена од девет точки со која еднаш засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигранти, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците утре ќе гласаат за разрешување на Коцевски

Пратениците утре ќе гласаат за разрешување на Коцевски

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите