СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска , директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Кирил Лазов и за Шпенди Амети, директор на Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) во Тетово. Причина за кривичната пријава е загадувањето на водата во Гостивар.
Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема, а нема ниту чиста вода во Гостивар, порачаа од опозициската партија.
СДСМ денеска поднесе Кривична пријава за сите системски пропусти, непостапувања, непреземања на законските надлежности од страна на здравствените и инспекциските институции.
Основани се сомненијата дека во периодот од јуни 2026 година па се до денес, во својство на службени или одговорни лица во институциите со кои раководат, не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загадувањето на водата во Гостивар.
Јавното обвинителство молчи, ги игнорира повиците да преземе конкретни чекори. Ние тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме ова да се заташка. Одговорните за здравствената катастрофа, за труењето на цел еден град и загрозување на здравјето на 5.000 луѓе мора да сносат одговорност, политичка и кривична. Не може да се сведе одговорноста само на локално ниво, сите инволвирани мора да одговараат, порачаа од СДСМ.
Слични новости
И за празникот жешко време во Македонија
Управата за хидрометеоролошки работи за денешниот празничен ден издаде портокалов метеоаларм за високи температури на територијата на целата држава.
Македонија одбележува 35 години независност
На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава
Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје.


