СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашо Клековски,  директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска , директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Кирил Лазов и за  Шпенди Амети, директор на Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) во Тетово. Причина за кривичната пријава е загадувањето на водата во Гостивар.

Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема, а нема ниту чиста вода во Гостивар, порачаа од опозициската партија. 

СДСМ денеска поднесе Кривична пријава за сите системски пропусти, непостапувања, непреземања на законските надлежности од страна на здравствените и инспекциските институции.

Основани се сомненијата дека во периодот од јуни 2026 година па се до денес, во својство на службени или одговорни лица во институциите со кои раководат, не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загадувањето на водата во Гостивар.

Јавното обвинителство молчи, ги игнорира повиците да преземе конкретни чекори. Ние тоа нема да го дозволиме.  Нема да дозволиме ова да се заташка. Одговорните за здравствената катастрофа, за труењето на цел еден град и загрозување на здравјето на 5.000 луѓе мора да сносат одговорност, политичка и кривична. Не може да се сведе одговорноста само на локално ниво, сите инволвирани мора да одговараат, порачаа од СДСМ. 

 

Слични новости

Во Македонија активни четири пожари

Во Македонија активни четири пожари

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Денеска намалени гужвите на граничните премини, но сеуште се чека на Табановце и Богородица

Денеска намалени гужвите на граничните премини, но сеуште се чека на Табановце и Богородица

На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.