Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“.

Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, останува фактот дека четири месеци директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, министерот Панче Тошковски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ги заштитат и да ја прикријат одговорноста.

Тие бранеа и криеја свои функционери, ја лажеа јавноста и вршеа притисоци врз обвинителството за да не се постапува против нивните кадри кои се докажано директно одговрни за пожарот во кој изгореа 62 деца.

Александар Јанев, како прв човек на БЈБ, има директна одговорност за своите подредени. Тој ги поставил, тој давал наредби – и затоа мора да понесе оставка и да следи кривична одговорност.

Истото важи и за Панче Тошковски, кој целиот период ја штитеше структурата во полицијата и тврдеше дека нема вин, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Слични новости

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Од протестот побараа максимална затворска казна за Љубе Крествески. Во македонскиот Кривичен Законик веќе 20 години постои кривичното дело убиство и мачење животни, кое се казнува со затворска казна, а досега не е изречена ниту една таква пресуда.

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.