Оставка од министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска побараа од СДСМ поради изречени навреди кон пратеничката Славјанка Петровска на вчерашната седница на Собраниетo.
На прес-конференцијата пред Министертсвото за финансии, пратеничката Јованка Тренчевска истакна дека искажаните зборови од министерката не биле навреда само кон Петровска, туку кон секоја жена и човек што некогаш бил дискриминиран, омаловажен или повреден.

„Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас, тоа е ароганција, тоа е дискриминација, тоа е нечовечност. Наместо извинување и признание на грешката, Кочоска и ДПМНЕ продолжија со нападите врз Славјанка Петровска. Наместо да покажат барем трошка почит и човечки да се извинат, тие одлучија да ја нападнат Славјанка уште повеќе, ја обвинија дека глуми жртва“, истакна Тренчевска.
Од СДСМ нагласија дека владејачката партија и министерката не ги разбираат вредностите на современото оштество и болката од ваквиот однос, не признаваат грешка, бегаат од одговорност и вината ја бараат кај жртвата наместо кај сторителот. Исто така, упатија забелешка и за однесувањето на однесувањето на потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска.
„Денеска сме тука за гласно и јасно да побараме, Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Министерката која понижува граѓанка на оваа држава, која навредува пратеничка, која шири дискириминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во Влада која тврди дека работи за граѓаните. Оставка ќе бараме секој ден, додека не си оди од функцијата. Само така можеме да ги заштитиме граѓаните од идна дискриминација. Сведоќевме сите на еден срамен молк. Изостана реакцијата од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, иако до вчера беше претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Бендевска не кажа ниту збор, ниту реагираше“, додаде Тренчевска.
Таа најави дека СДСМ ќе побара итна седница на Комисијата за дискриминација на која ќе се расправа за однесувањето на Кочоска и за поширокиот проблем на дискриминација во институции врз основа на полова припадност. Исто така, ќе иницираат законски измени или кодекс што ќе ги санкционира дискриминаторските навреди и говорот на омраза во институциите, особено од високи функционери.
Слични новости
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба.
Мирче Ѓоргоски нов командант на Командата за операции, најголемата оперативна команда во АРМ
Врз основа на Укази на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, должноста командант на КО од бригаден генерал Бесник Емини ја прими бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење и дигитализацијата на образованието
Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе му помагаат на Министерството за образование и наука во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието, за што денеска Меморандум за соработка потпишаа министерката Весна Јаневска и деканот на ФИНКИ Боро Јакимовски