Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да фабрикуваат афери против СДСМ преку странски приватни разузнавачки агенции.
„Black Cube” е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад”. Таа се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели. Компанијата е позната по своите спорни методи и соработка со авторитарни режими.
Мицкоски и неговата група ја ангажирале оваа компанија за да ги следи функционерите на СДСМ, особено претседателот Венко Филипче. Тимот на „Black Cube”, како што соопшти СДСМ, неодамна престојувал во Скопје и во еден ексклузивен хотел имале состанок со претставници на ВМРО.
Слични новости
Вработените во Македонски пошти на протест
Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

