Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да фабрикуваат афери против СДСМ преку странски приватни разузнавачки агенции.

„Black Cube” е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад”.  Таа се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели. Компанијата е позната по своите спорни методи и соработка со авторитарни режими.

Мицкоски и неговата група ја ангажирале оваа компанија за да ги следи функционерите на СДСМ, особено претседателот Венко Филипче. Тимот на „Black Cube”, како што соопшти СДСМ,  неодамна престојувал во Скопје и во еден ексклузивен хотел имале состанок со претставници на ВМРО. 

 

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.