Откако партијата Левица вчера иницираше координативна средба на сите опозициски партии за да се формулира заеднички предлог, кој потоа би му бил доставен до владејачкото мнозинство, од опозициската СДСМ за Телма информираа дека состанок нема да има.
Социјадемократите преку соопштение денеска го повторија својот став околу гласањето на дијаспората по електронски пат или пошта дека е за кражба на гласови.
За два дена, на 15 јули истекува продолежениот рок до кога треба да биде донесен Изборниот законик, за тој да се вброи на списокот на спроведени реформи од реформската агенда, а за која реформа Европската комисија би и исплатила на Македонија 4.281.623 евра.
Слични новости
УХМР со предупредување за ново невреме денеска
Според прогнозата, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе се создадат услови за невреме проследено со појава на град.
11 пациенти на Ургентен, како последица на повреди од вчерашното невреме во Скопје
Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди.
Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка
По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши


