СДСМ реагираше на денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека владејачката партија се обидува да ја префрли одговорноста за случувањата во Гостивар врз други политички субјекти. Од партијата прашуваат каква поврзаност имаат, како што велат, „кадрите во Гостивар“ со СДСМ, посочувајќи дека СДСМ никогаш не била на власт во оваа општина.
Според СДСМ, целокупната одговорност за состојбата ја имаат институциите и власта предводени од ВМРО-ДПМНЕ. „Не можете граѓаните во Гостивар да ги убедите дека не сте одговорни. Наместо да ја префрлате вината, треба да ја признаете вистината и да дозволите институциите да ја утврдат одговорноста“, велат од СДСМ.
Партијата обвинува дека власта не може да се дистанцира од последиците од загадувањето што ги погодиле Гостивар и поширокото подрачје.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
