СДСМ  реагираше на денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека владејачката партија се обидува да ја префрли одговорноста за случувањата во Гостивар врз други политички субјекти. Од партијата прашуваат каква поврзаност имаат, како што велат, „кадрите во Гостивар“ со СДСМ, посочувајќи дека СДСМ никогаш не била на власт во оваа општина.

Според СДСМ, целокупната одговорност за состојбата ја имаат институциите и власта предводени од ВМРО-ДПМНЕ. „Не можете граѓаните во Гостивар да ги убедите дека не сте одговорни. Наместо да ја префрлате вината, треба да ја признаете вистината и да дозволите институциите да ја утврдат одговорноста“, велат од СДСМ.

Партијата обвинува дека власта не може да се дистанцира од последиците од загадувањето што ги погодиле Гостивар и поширокото подрачје.

Слични новости

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

ДЗР утврди дека единиците на локалната самоуправа не ги користат целосно своите фискални капацитети, што резултирало со речиси три милијарди денари ненаплатени побарувања од даноци, такси и надоместоци во периодот од 2020 до 2024 година.