Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники, рече на прес конференција на Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
„ Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи. Сè уште нема изнесено целосни информации пред граѓаните, не е објавен извештајот, инволвираните, кои се лекарите, кои се приватните клиники. Се крие од јавноста кој од докторите дал индикации за операциите. И сè уште нема поднесено ниту една кривична пријава. Не може злоупотреба на здравствената професија за профит на поединци вака да се третира. Што се чека? Како некој да се обидува да го заташка овој монструозен случај. Дали некому му се дава време да ги сокрие трагите, да „исчисти” документи?
Вакво однесување е неспоиво со одговорна, транспарентна и сериозна држава.
Емоцијата на скандалот е поголема од бројките затоа што станува збор за човечки животи. Зборуваме за луѓе кои преживеале пекол а сега дознаваат дека нивната операција била непотребна. Дека некој ги гледал како профит, како средство за нечие богатење.
Не може вакви скандали да се заташкаат.
СДСМ ќе се бори за објавување на целата вистина и за одговорност.
Бараме:
1.Итно јавно објавување на извештајот, во фазата во која се наоѓа, без доработки и без прикривање.
2.Објавување на сите имиња на доктори кои дале индикација за операциите. Ова е клучно за понатамошната разврска на случајот.
3.Објавување на имињата на сите приватни клиники и субјекти вклучени во процесот и носењето одлуки
4.Веднаш поднесување кривични пријави без никакво одложување.
5.Психолошка и правна поддршка за пациентите и за семејствата кои поминале низ овој кошмар.
Ова е тежок скандал кој мора да биде третиран со максимална транспарентност и максимална одговорност.
Јавноста ја заслужува целата вистина. Секој што учествувал во овој монструозен синџир мора да одговара“.
Слични новости
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани


