СДСМ преку соопштение упати обвинувања до власта во врска со случајот со Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, која, според партијата, ја преминала границата и покрај тоа што судот ѝ ги одзел двата пасоша.

СДСМ ја пренесува изјавата на Михајлова дека границата ја поминала легално, со лична карта, и дека граничните службеници биле запознаени со тоа. Од друга страна, МВР соопштило дека нема евидентиран излез од државата.

Партијата оценува дека случајот отвора сериозни прашања за функционирањето на граничната контрола и за евентуалната одговорност на инволвираните лица.

Од СДСМ упатија критики и до премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за пропусти во контролата на границите.

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали.

Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава