Кога граѓаните ќе влезат во продавница, кога ќе отидат на пазар, ќе платат сметки, кога ќе погледнат во своите празни паричници и празни фрижидери најдобро знаат колку е реална бајката на Мицкоски за 3-та економија во Европа, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Со Мицкоски стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, граѓаните имаат се помалку пари и живеат се полошо.

Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека зеленчукот е поскапен за над 38%, овошјето за над 10% а продажните цени во земјоделството за 23%. Поскапени се месото, јајцата, зејтинот, буквално се.

 

 

Слични новости

Вработените во Македонски пошти на протест

Вработените во Македонски пошти на протест

Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.