СДСМ го обвинува премиерот Христијан Мицкоски дека панично ја брани Алта банка и бара од обвинителот Ненад Савески веднаш да постапи по кривичната пријава што партијата ја поднесе против гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Од СДСМ велат дека документите за влезот на Алта банка во Македонија треба да го откријат потеклото на капиталот, трансакциите и сметките, за кои партијата тврди дека се поврзани со криминални структури во Србија.

Според СДСМ, Мицкоски и Славески имале улога во влезот на банката во Македонија, а Славески јавно признал дека одлуката ја донел по консултации со премиерот.

СДСМ бара да се испита дали биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот и можните ризици.

Од обвинителот Савески бараат да преземе мерки на претпазливост, вклучително и привремена забрана за вршење на должноста на Славески, со цел да се спречи евентуално влијание врз сведоци или уништување докази и документација.

Слични новости

Објавена нова граѓанска обврзница од 100 милиони денари

Објавена нова граѓанска обврзница од 100 милиони денари

Министерството за финансии објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно.