СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со неговите јавни изјави за можни идни судски процеси против поранешни функционери на опозицијата испраќа политички пораки и врши притисок врз правосудството.

Од партијата наведуваат дека ваквите изјави не се првпат и дека, според нив, претставуваат закани кон политичките неистомисленици и обид за создавање атмосфера на страв во јавноста.

СДСМ тврди дека ваквиот пристап претставува злоупотреба на функцијата и отстапување од принципите на владеење на правото и поделба на власта, додавајќи дека ќе ги информираат европските институции за, сериозноста на ситуацијата.

Слични новости

Од недела сончево и потопло време

Од недела сончево и потопло време

На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.