Две здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската. Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира.
Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи, рече на денешната прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски.
Резултатот е Македонија да биде земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител. Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести стапката на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија. Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице, рече Цветаноски.
Слични новости
За првпат се регистрирани случаи на западно-нилска треска во Центар и Чаир – инфициран и мртов гавран
Според и нформациите од Министерството за здравство во земјата во моментов има 43 случаи на заразено со вирусот Западен Нил, од кои 40 се потврдени, а три се уште се проверуваат.
Во Македонија пет пожари активни, 31 се изгаснати
Најкритична и натаму е состојбата во Мариово, каде што активен е пожарот кај селото Чаниште, на повеќе краци.Огнот зафаќа простор од село Чаниште кон Крушевица и Лопатица, како и крак кон Црна Река и крак кон селото Орле, на територијата на Општина Новаци
Пеколни горештини во Македонија со температури до 39 степени
Максималните температури ќе достигнат од 33 до 39 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а максималната дневна температура ќе достигне 38 степени.


