Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски. Според партијата, собирот бил „организиран од двоецот Мицкоски–Груевски“ и претставувал, како што велат, „конгрес на децата на Орбан“.

Од СДСМ обвинуваат дека најсилната меѓународна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ доаѓа токму од унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес, кои, според нив, продолжуваат да го штитат поранешниот премиер Никола Груевски – бегалец од правдата осуден за корупција.

 

„Орбан успешно го крие и го чува Груевски, човек кој украде 2 милијарди евра и побегна. Но тој и понатаму ја управува ДПМНЕ од далечина“, наведува тимот на СДСМ, додавајќи дека постојат „директни врски меѓу актуелната власт и мрежата на Орбан преку бизниси, кредити и банки“.

Партијата оценува дека вертикалата ФИДЕС – СНС – ДПМНЕ претставува регионална политичка оска поврзана со „корупција, големи бизниси и контроверзно влијание“. Како пример, СДСМ ги посочува протестите во Србија и Унгарија против коруптивни скандали, вклучително и падот на настрешницата во Нови Сад со 16 жртви, како и откриениот луксузен имот поврзан со Орбан.

„Сличностите се очигледни. Истата приказна ја гледаме и во Македонија – секој ден излегува нов скандал, нов пример како се пумпаат пари од граѓаните преку наместени тендери“, се наведува во реакцијата.

Антикорупцискиот тим заклучува дека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ само ја потврдил поврзаноста со, како што тврдат, „регионална мрежа на политичари кои се штитат меѓусебно“.

„Работата не е завршена. Борбата против криминалот и корупцијата продолжува“, порачуваат од СДСМ.

globe

Слични новости

Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило