За бегството на Артан Груби одговорноста треба да си ја сноси МВР и Тошковски. Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите пропусти кои им се случуваат да обвинува некој друг., рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа“ на 24 телевизија.
„Ова не е прв случај и летото имаше случај на бегство преку границата. Затоа тука е МВР да подигне кривична пријава, судската власт, извршната власт. За бегството одговорноста треба да си ја сноси МВР‘, рече Шукова.

Сее осврна и на партизацијата во институциите, велејќи дека секој би бил среќен ако новата влада работи на принципи кои ги очекуваа сите граѓани, да се бори за правда, за намалување на корупцијата и криминалот, меѓутоа, деновиве јавноста на големо бруи за партизацијата која ја спроведува оваа власт во ситеинституции.
„Еве да го земеме предвид сè уште нерасчистениот пример за директорот на АНБ, Бојан Христовски. Потоа имаме членови на судски совети кои доаѓаат од редовите на ДПМНЕ. Еден случај ја бранува јавноста неколку недели, и на јавноста не и се дава одговор зошто некој кој ги нема документите, а на таква висока позиција. Граѓаните не го добиваат она што се надеваа а гледаме силна партизација во клучните сектори“, рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова.
Слични новости
Зголемен бројот противпожарни интервенции, за викендот 60 пожари на отворено
Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
Во однос на регулирањето на интернет просторот, Андоновски рече дека преку измени на Законот за медиуми, кои сега се во владина процедура, а наскоро ќе влезат во Собрание, ќе се направи обид да се поткрене нивото на професионалност на онлајн медиумите
Мисајловски: Македонски војници на украинско тло нема да има
Најнапред да се воспостави мирна состојба односно да се дојде до взаемно решение кое би гарантирало долгорочен мир, а во меѓувреме да се разговара за модалитетите за натамошна помош, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски за Гласот на Америка