СДСМ во своето соопштение реагира дека изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, претставува потврда на нивните тврдења за отсуство на реформски процеси и напредок во евроинтеграциите.

Од партијата оценуваат дека во изминатиот период не е забележан значаен напредок, особено во делот на владеењето на правото. Се посочува дека проблем остануваат корупцијата и нефункционалноста на правосудниот систем, што директно влијае врз европските перспективи на државата.

Во соопштението се наведува и дека постои ризик од губење на европски средства, кои би можеле да бидат пренасочени кон други земји.

СДСМ смета дека власта ја турка државата кон изолација, додека граѓаните очекуваат реформи и напредок кон Европската унија.

Слични новости

Од недела сончево и потопло време

Од недела сончево и потопло време

На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.