Социјалдемократскиот сојуз денеска ќе го одржи 31. Конгрес. Пред најавениот Конгрес не стивнуваат превирањата во опозициската партија.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.
Од друга страна, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов побара Филипче да си поднесе оставка, а со отворена критика излезе и поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој оцени дека актуелното раководство на СДСМ е единствено одговорно за незадоволството меѓу членовите на партијата.
Слични новости
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.
Силата на новата десница
Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.

