Социјалдемократскиот сојуз денеска ќе го одржи 31. Конгрес.  Пред најавениот Конгрес не стивнуваат превирањата во опозициската партија.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета  дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.

Од друга страна, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов побара Филипче да си поднесе оставка, а со отворена критика излезе и поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој оцени дека актуелното раководство на СДСМ е единствено одговорно за незадоволството меѓу членовите на партијата.

 

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.