СДСМ тврди дека „арамијата Мицкоски ја распродава Македонија и ја претвора во депонија за туѓи бизнис интереси“.
Додека надвор вели дека Македонија не е сериозна држава, додека ги навредува граѓаните дека се талог, сериозно ги распродава водата, земјата, рудата. За туѓи интереси и профити, на штета на најважното – здравјето на луѓето.
Во тек е голема пљачка на Македонија!“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, пет нови рудници. Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув. Нов рудник и за антимон, метал за воена индустрија.
Слични новости
Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје.
„Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата – се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати“, велат од СДСМ
СДСМ тврди дека Македонија е на прво место во Европа според бројот на заболени во однос на бројот на жители, посочувајќи ги како споредба Италија, Грција и Романија.
Македонија, според последните податоци на надлежните, има 52 случаја на западнонилска треска.
До 3 септември се регистрирани вкупно 1.086 случаи во 15 држави, соопшти Европскиот Центар за превенција и контрола на болести. Италија е лидер со 516 случаи, а следува Грција со 284


