„Во изминативе осум месеци Владата на Мицноски и ДПМНЕ целосно ги разочара земјоделците и ги остави сами. Трипуновски покажа како може да се блокира откупот на ориз кој како никогаш досега остана неоткупен со одземање на лиценци за откуп на фирмите.

Опозицската партија додава и дека власта „ Покажа како се блокираат законите во собранието а преку измените во овие закони за земјоделство ќе се овозможеше поголема финансиска поддршка на земјоделските задруги. Високите цени во лозарството се заслуга на СДСМ, со донесениот нов закон за виното.
Факт е дека сите програми и политики кои ги критикуваа ДПМНЕ и Трипуновски како опозиција додека денес полни им се устите како нивно достигнување. Тоа земјоделците најдобро го знаат. ДПМНЕ зборува за развој на сточарството а ги намали субвениите кај кравите од 12.000 дена по крава на само 8.000 денари.
Со ДПМНЕ на земјоделците им е само полошо. Едно е јасно а тоа дека ДПМНЕ ниту знае ниту има развојна програма за развој на земјоделството“.
Слични новости
Уапсени 11 лица за сомнителни набавки на деривати
Полицијата вчера извршила претреси на повеќе локации во Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сомнителните набавки на деривати.
Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата
Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши
Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок
Спасовски потенцираше дека реформи во правосудството треба да има, меѓутоа согласно законите и уставните приниципи потенцирајќи дека веќе се подготвуваат неколку законски решенија за системски промени