„Во изминативе осум месеци Владата на Мицноски и ДПМНЕ целосно ги разочара земјоделците и ги остави сами.  Трипуновски покажа како може да се блокира откупот на ориз кој како никогаш досега остана неоткупен со одземање на лиценци за откуп на фирмите.

Излажа дека ќе воведе мерка која ќе се однесува на откупувачите и за 1.000 кг откупена и извезена оризова арпа откупувачите ќе добијат 6.000 денари. Досега нема таква мерка“, велат од СДСМ:

Опозицската партија додава и дека власта „ Покажа како се блокираат законите во собранието а преку измените во овие закони за земјоделство ќе се овозможеше поголема финансиска поддршка на земјоделските задруги. Високите цени во лозарството се заслуга на СДСМ, со донесениот нов закон за виното.

 Факт е дека сите програми и политики кои ги критикуваа ДПМНЕ и Трипуновски како опозиција додека денес полни им се устите како нивно достигнување. Тоа земјоделците најдобро го знаат. ДПМНЕ зборува за развој на сточарството а ги намали субвениите кај кравите од 12.000 дена по крава на само 8.000 денари.

Со ДПМНЕ на земјоделците им е само полошо. Едно е јасно а тоа дека ДПМНЕ ниту знае ниту има развојна програма за развој на земјоделството“.

 

globe

Слични новости

Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија

Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија

Во однос на регулирањето на интернет просторот, Андоновски рече дека преку измени на Законот за медиуми, кои сега се во владина процедура, а наскоро ќе влезат во Собрание, ќе се направи обид да се поткрене нивото на професионалност на онлајн медиумите

Мисајловски: Македонски војници на украинско тло нема да има

Мисајловски: Македонски војници на украинско тло нема да има

Најнапред да се воспостави мирна состојба односно да се дојде до взаемно решение кое би гарантирало долгорочен мир, а во меѓувреме да се разговара за модалитетите за натамошна помош, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски за Гласот на Америка