Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани. Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо, велат опозиционерите од СДСМ, коментирајќи ја 72-часовната акција на Ѓорѓиевски за чистење на главниот град.
„ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи нитшто ниту преку ЗЕЛС ниту преку Управниот одбор на „Комунална хигиена“ само за Орце Ѓорѓиевски да прави пиар – реагираат од опозицискиот СДСМ во врска со синоќешната акција на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски за 72-часовно чистење на Скопје.
„Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави пиар-трикови, циркус спектакли со дронови и камери. Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани. Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо“, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека Скопје и скопјани не заслужуваат ваков потценувачки однос туку, како што велат од опозициската партија, чист, модерен, организиран град и функционален систем, а не пиар-трикови.
Вчеравечер во 20:30 часот од пред платото на СЦ „Борис Трајковски“ почна големата акција што ја најави новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, „72 часа чисто Скопје“.
Слични новости
Собранието ја донесе Одлуката за прераспределба на 12,5 милијарди денари буџетски средства
Собранието попладнево, со 60 гласа „за“ и девет против, ја донесе Одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Коцевски смета дека на Анкетната комисија не треба да се изнесуваат докази и искази за трагедиите
Во Собранието со 84 гласа „за“, беше донесена одлука за формирање на анкетна комисија која ќе ги опфати сите немили случаи и трагедии во кои изгубија живот 138 лица
Повторно затворен граничниот премин Евзони
Околу 14 часот по локално време грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја


