СДСМ ја обвини Владата дека планира да потроши околу 100 милиони евра за набавка на нов владин авион, наместо средствата да се насочат кон зголемување на платите, изградба на училишта и болници или поддршка на граѓаните, изјави портпаролката на партијата Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

Таа рече дека додека граѓаните се соочуваат со економски притисоци и работниците протестираат за повисоки плати, Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра и истовремено разгледува набавка на нов авион.

 

Кузеска наведе дека со сума од 100 милиони евра, според нивните проценки, би можело да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата, изградба на нови училишта, градинки, студентски домови и болници, како и инфраструктурни проекти како водоводи и канализации.

Таа додаде дека, според СДСМ, Владата ги намалила средствата за земјоделски субвенции, спорт и поддршка за лица со ретки болести, додека истовремено планира нови големи јавни набавки.

 

Слични новости

Намален бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3.5 %, објави Државниот завод за статистика.

Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на проблемите на превозниците

Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната.