Владата на Христијан Мицкоски не ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, оставајќи ги граѓаните и понатаму сами да се справуваат со високите цени. Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, а владата има поданичка позиција кон бизнис интересите на елитата и на големите трговци и не презема ништо. На Мицкоски воопшто не му е гајле што граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај, соопштија од опозициската СДСМ.

„Колкави долгови има Мицкоски кон оваа бизнис елита штом дозволува да профитираат врз грбот на граѓаните? Веќе е јасно дека владата не само што нема решение за високите цени туку и нема желба нешто да преземе, нејзините економски политики се тотално фијаско и водат кон нова економска криза.
СДСМ бара владата итно да ги прифати 7 те пакет мерки за вистинско намалување на цените, олеснување на економскиот притисок и зголемување на стандардот на граѓаните.
Македонија не смее да биде земја во која профитот на малкумина е поважен од достоинствениот живот на сите!“, велат социјалдемократите.
Слични новости
Се бара краткотраен притвор за 10 лица, во дискотеката немало доволно ПП апарати и не е склучен писмен договор меѓу организаторот и групата
авното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за десет лица, за кои во текот на денешниот ден се обезбедени докази за евентуална одговорност за синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, информираше вечерва jавниот обвинител Љупчо Коцевски и обвинителите од тимот што постапуваат на случајот.
Мицкоски: Ќе преземеме низа мерки, активности и одлуки, тоа Ви го должам Вам, го должам и на семејствата на загинатите, на медиумите и на секој еден човек во Македонија
Со едноминутно молчење премиерот Христијан Мицкоски ја почна прес – конференцијата на која потенцираше дека во неговиот живот имал многу тешки моменти и предизвици, но ова денес, како што рече, е убедливо најтешкиот ден од мојот живот.
Чупеска: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност
Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на прес-конференција од седиштето на партијата побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, но и темелна и независна истрага за трагедијата во Кочани. Таа испрати апел до Обвинителството и сите истражни органи оваа трагедија да ја истражат до крај, и одговорните да одговараат