Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери од власта од одговорност за трагедијата во Кочани.

Наместо да побараат одговорност од полициските службеници и началници поставени од нив, Тошковски и Мицкоски правеа сè за да ги заштитат.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот на БЈБ Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски.

Под притисок од СДСМ и од јавноста, конечно беа отворени постапки против неколку началници во МВР.

Вистината излезе на виделина, порача СДСМ. 

Без одговорност за раководството на МВР – нема вистинска правда за жртвите и нивните семејства. СДСМ ќе продолжи да ја бара правдата за Кочани до крај, се вели во соопштението на партијата.

 

Слични новости

22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел

22 македонски граѓани чекаат на евакуација и враќање од Израел

Евакуација и враќање од Израел чекаат 22 македонски државјани кои досега побарале помош од Министерството за надворешни работи. Од МНР соопштија дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.