СДСМ побара прогласување кризна еколошка состојба, откако денеска Скопје е прогласен за најзагаден град во Европа.

„Скопјани се гушат во загаден воздух со денови. Скопје според официјалните податоци е најзагаден град во Европа, затоа бараме прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во градот“, соопшти Катарина Цаневска Арсовска, дел од советничката група на СДСМ во Скопје.

„Бараме да се донесе Одлука со која намалувањето на загадувањето на воздухот се утврдува како приоритет, и да се даде приоритет на финансирањето на мерки од Градот Скопје, бидејќи досега не се инвестираат пари во проекти за почист воздух, а граѓаните се оставени сами на себе“, побара советничката група на СДСМ во Скопје. 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак го обвини СДСМ дека е лицемерно тие да зборуваат за загаден воздух, затоа што додека беа на власт не сторија ништо за намалување на аерозагадувањето.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека контуирано презема чекори за да се справи со загадениот воздух.

Слични новости

Од 1-ви јануари повисоки сметки за струјата

Од 1-ви јануари повисоки сметки за струјата

Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87 отсто, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54 проценти. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32 отсто иако беше предложено да има зголемување од 9,63 проценти и во четврт блок зголемувањето е 3,84 отсто, наместо предложените 11,86 проценти, соопшти денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски. Тој посочи дека поскапувањето за 85 отсто од домаќинствата ќе биде за 2,28 отсто или за 57-70 денари на просечната сметка.

СДСМ обвинува за партизација на обвинителството: „Исто како во времето на Груевски“

СДСМ обвинува за партизација на обвинителството: „Исто како во времето на Груевски“

СДСМ обвини дека власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски се обидува да воспостави целосна контрола врз обвинителството и судството, со што, како што наведуваат, се загрозува независноста на правосудниот систем