Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се додлеуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат за секој проект.
Ова значи дека сите оние кои досега веќе започнале со инвестицијата веќе вложиле свои средства или средства од кредити за половина инвестиција а сега остантите 50% заради корупцијата на власта нема да им бидат исплатени и не се знае кога и дали ќе бидат воопшто исплатени, изјави на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
За да и биде јасно на јавноста, ваквите суспензии може да траат две до три години а прашање е дали воопшто ИПАРД програмата по ваков скандал ќе продолжи. Ова е страшен удар за македонското земјоделство и развојот на државата! Ова е срам нанесен во европкските институции и на меѓународната сцена.
СДСМ бара итна оставка од Трипуновски и сите назначени лица кои биле дел од овој процес кои може да бидат компромитирани.
Опозициската партија побара и објавување на сите документи и извештаи поврзани со програмата IPARD, бројот на корисници и извештај за ризикот кој е настанат како резултат на корупцијата.
СДСМ нагласи дека во периодот од седум години кога СДСМ ја водеше програмата, ИПАРД беше една од најуспешните приказни во државата со 2.369 реализирани инвестиции и целосна искористеност на европските средства.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


