СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност. Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра? Кој профитира од увозот на струја. Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример? Кој заработува додека народот плаќа?, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочувајќи дека работењето на ЕСМ резултирало со сериозни финансиски загуби.
„77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година.”, потенцираше Димитријевиќ
Тој посочи дека причините за овие загуби се директно поврзани со начинот на управување со енергетскиот сектор, а Владата ја доведе ЕСМ до финансиски колапс.
„За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор, појасни Димитријевиќ.
Тој нагласи дека ваквите политики директно ја оштетуваат државата и граѓаните.
„Наместо да се произведува дома, којашто државата ќе ја чини 80 – 90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови. СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност, посочи Димитријевиќ.
Слични новости
Муцунски: Бадентер не е механизам што се користи при формирање на Владата
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денес реагираше на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека владата треба да се формира со Бадентер
Муцунски: Не треба да има никаква дилема за евроинтеграцијата дека е наш интерес, но мора да има предвидливост и гаранции
За нашата европска интеграција, прво не треба да има никаква дилема дека наш интерес е да се најде решение за овој спор кој очигледно постои со Бугарија. Ме охрабарува што се повеќе земји членки, а и европските институции развиваат свест и до некој степен и разбирање за нашите позиции, рече на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговорајќи на новинарско прашање.
Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со „Бадентер“
Избор на Влада и носење на одлуки на Уставен со бадeнтер за законите донесени со двојно мнозинство ќе биде условот Али Ахмети и ДУИ да влезе во било кoја Влада, порача на денешниот брифинг лидерот на „интегративците“


