СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност. Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра? Кој профитира од увозот на струја. Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример? Кој заработува додека народот плаќа?, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочувајќи дека работењето на ЕСМ резултирало со сериозни финансиски загуби.
„77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година.”, потенцираше Димитријевиќ
Тој посочи дека причините за овие загуби се директно поврзани со начинот на управување со енергетскиот сектор, а Владата ја доведе ЕСМ до финансиски колапс.
„За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор, појасни Димитријевиќ.
Тој нагласи дека ваквите политики директно ја оштетуваат државата и граѓаните.
„Наместо да се произведува дома, којашто државата ќе ја чини 80 – 90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови. СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност, посочи Димитријевиќ.
Слични новости
Семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ бараат дополнителна токсиколошка анализа
Семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс бараат дополнителна токсиколошка анализа, откако ИРЛ објави сторија во која се вели дека според обдукциските наоди на жртвите
Реакција од СДСМ за одлуката на Владата за кризна состојба поради неможноста за набавка на мазут
Криминални политики со тендери и неспособност во енергетиката се двете единствени причини поради која сите граѓани на Македонија ќе плаќаат поскапа струја и поради што се воведува кризна состојба. За само година и половина владата на Мицкоски ја доведе најголемата државна енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс, реагираа од опозициската СДСМ.
Прогласена кризна состојба од седум дена поради недостиг од мазут
Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука


