СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што „власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците“.
Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење – над 5.000 луѓе побараа лекарска помош. Во случајот со Гостивар видовме целосна негрижа: иако анализите покажаа дека водата е загадена со фекалии, никој не ги предупреди граѓаните. Тие со денови пиеја отруена вода. Се отру и самата болница.
Над 50 места во Македонија немаат објавени анализи на водата.Само во последните три дена – уште два случаи со отровни материи во водата во Демир Капија и минералната вода во Кривогаштани.
Четири реки се загадени – сè уште нема одговорни, наведува СДСМ.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
