На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш предмет за Стефан Богоев.
Дали има некој што верува во ова партизирано судство и обвинителство после нарачките на Мицкоски преку собраниската говорница, на телевизија и на крај директно преку телефон ?, прашуваат денеска од опозициската СДСМ.
Од опозициската партија велат дека апсењето на Богоев е дефокусирање на критиките од ЕУ кон земјава.
Политички прогон, обид за дефокусирање од критиките што доаѓаат од Европската Унија, откако уште еднаш се потврди дека Македонија стои во место поради криминалот и корупцијата на власта и поради неспроведувањето на реформите? Тоа најдобро го знае самиот Мицкоски, кој денес се однесува како организатор на секој процес во државата.
Мицкоски со неговите „чувства“ веќе со денови јавно го најавуваше ова апсење. Додека режира спектакли за јавноста, остануваат неодговорени многу сериозни прашања,посочуваат од СДСМ.
Слични новости
ЕСМ лани согореле повеќе мазут, што ја чинело компанијата над 30 милиони евра
За мазутот електрани дале вкупно 33,3 милиони евра за потребите на двете централи. Во извештајот на компанијата за 2025 пишува дека ЕСМ морал да користи повеќе мазут, поради неквалитетниот јаглен кој е примарен за производство на струја.
Граѓаните со перцепција за „погрешна насока“ на државата
Анкетата, спроведена на 1.002 испитаници од 27 февруари до 10 март 2026 година, покажува дека 51% од граѓаните сметаат дека животот во државата оди во погрешна насока.
Температурите денес и до 34 степени Целзиусови
Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, со летни температури во поголем дел од земјата. Дневните максимални вредности се очекуваат меѓу 23 и 34 степени.


