„По објавувањето на скандалот за судир на интереси во Министерството на Стефан Андоновски, каде тендер доби сопругот на Државната секретарка, ДКСК отвори предмет. Граѓаните се уште чекаат да постапи Јавното обвинителство за случајот, за истиот да добие разрешница. Додека целата јавност беше во тага и болка за несреќата во Кочани, каде што загинаа 59 млади луѓе а речиси 200 беа повредени, на само три дена по трагичниот настан Андоновски побара извинување од СДСМ“, ова меѓу другото денеска на прес-конференција го изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

 Според него, „Шокантно е што барањето за извинување пристигна на 19 март на самиот ден на погребот на загинатите од несреќата кога целата нацијата беше во шок. Тоа го покажува степенот на загриженоста на министерот за трагичниот настан“.

„СДСМ е одговорна партија која се бори секогаш да излезе вистината на виделина, и да зборува во насока на заштита на јавниот интерес пред се! Токму затоа, наместо извинување До Министерот Андоновски, денес ќе објавиме индиции за уште еден скандал. Се работи за тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап, добиен од фирмата „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС“ ДОО Скопје. Според информации од свиркачи кои ги добивме, сопственици на оваа фирма се родителите на Борче Младеновски, инаку вработен во ИТ секторот на истото министерство“ порача Илиевски.

Тој рече дека „Го повикуваме Андоновски да излезе и да одговори дали е ова точно? Дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во Министерството? Индикативен е називот на милот кој правното лице го има дадено во доставената документација за контакт со министерството кој гласи borce002@gmail.com. СДСМ се обиде го најде список на вработени во Министерството за дигитална трансформација, но на сајтот на министерството тој податок не е достапен, таму стои дека се уште тој документ е во изработка“.

globe

Слични новости

Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи

Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи

– Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството“, рече Милошоски.

Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност го разгледа и проследи на понатамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир со кој се предлага измена на законската регулатива во насока на забрана на употреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Универзитетското студентско собрание на Скопскиот универзитет (УСС на УКИМ) не е против нови здруженија и организации на студенти и ќе ги повика на дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат студентите, изјави претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски