Румен Радев денеска ќе поднесе оставка на функцијата претседател на Бугарија
Шефот на бугарската држава Румен Радев денеска пред бугарскиот Уставен суд треба да поднесе оставка на функцијата, објави БГНЕС. Оставката ја најави самиот Радев во вонредното обраќање до нацијата во понеделникот на 19 јануари.
Трамп тврди дека Данска не може да го заштити Гренланд
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе разговараат за тоа како да го анектираат Гренланд на овогодишниот Светски економски форум во Давос, затоа што Данска не може да ја заштити таа територија.
Данска испрати дополнителни трупи на Гренланд
Данска испрати дополнителни трупи на Гренланд каде што е во тек заедничка воена вежба со неколку европски земји заради заштита на критичната инфраструктура
Загинаа осум луѓе во три одвоени лавини во Австрија
Осум лица загинаа во три одвоени лавини во Австрија, соопштија спасувачки служби и полицијата. Седум лица беа затрупани од лавина на врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри, во покраината Салцбург
Санчез: Инвазија на САД на Гренланд би го направила Путин најсреќен човек на планетата
Санчез предупреди дека секоја воена акција на САД против големиот дански арктички остров ќе направи сериозна штета на НАТО и ќе даде легитимитет на руската агресија на Украина.
Расмусен: Ако САД употребат сила на Гренланд, тоа ќе биде крај на светскиот поредок каков што го знаеме
Расмусен, кој е поранешен генерален секретар на НАТО, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека Трамп користел јазик за Гренланд сличен на оној што го користат „гангстерите“ во Русија и Кина, кои треба да се обиде да ги контролира.
Во Иран задушени протестите
Агенцијата Ројтерс пренсе дека веќе четири дена главниот град на Иран Техеран е релативно мирен. Жителите на Иран и државните медиуми на земјата објавуваат дека безбедносните мерки засега ги задушија протестите и дека продолжуваат апсењата.
Кина изведе воени вежби за „обезглавување“ на раководството на Тајван
Кина изведе воени вежби со сценарио насочено на неутрализирањена највисокото политичко и воено раководство на Тајван
Данската арктичка команда ги повика САД да учествуваат во воените вежби на Гренланд
Во екот на повторените закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го анектира Гренланд, данската Заедничка арктичка команда ги повика САД да учествуваат во воените вежби на тоа острово, изјави данскиот генерал мајор Сорен Андерсон.
Стартува европската воена мисија на Гренланд
Европска воена мисија денеска почнува на Гренланд, еден ден по средбата во Вашингтон помеѓу претставници на САД, Данска и Гренланд. Франција, Шведска, Германија, Велика Британија и Норвешка вчера најавија дека ќе распоредат воен персонал на Гренланд за извидувачка мисија.









