Неодамна завршеното фудбалско првенство во САД ги надмина сите рекорди на гледаност, практично уште од самиот старт. На отварањето меќот Мексико-Јужна Африка го гледаа 120,54 милиони гледачи во САД, што е најголема бројка на гледаност на отварање на Светско првенство.
Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина го гледаа дури 66,4 милиони гледачи, што речиси тројно го надмина претходниот рекорд од 25,78 милиони гледачи од финалето во 2022.
Зад финалето, најгледани мечеви во САД се Америка -Белгија 45,99 милиони гледачи и Англија -Мексико 44,94 милиони гледачи, кои се погледани од полуфиналните натпревари.
Слични новости
„Одисеја“ на Кристофер Нолан надмина заработка од 600 милиони долари за помалку од две недели прикажување
„Одисеја“ само во САД заработи 123,5 милиони долари на премиерниот викенд и неочекувано високи 87 милиони долари минатиот викенд, што е пад од само 30 насто што е исклучително добро за ваков вид на блокбастер. „Одисеја“ глобално веќе има заработка од 652 милиони долари и е веќе на седмо место според заработката во 2026 година.
„Одисеја“ на Кристофер Нолан ја надмина бројката од 300 милиони заработка за само 5 дена прикажување
Акцискиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ сниман со 70 милиметарски камери кој се прикажува и во Ајмакс кината ширум светот, продолжува да соборува рекорди. Филмот за пет дена прикажување веќе има заработка од 304 милиони долари, а 22 милиони долари заработи само во вторникот во САД.
Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години
Забранет пристап до социјалните мрежи за деца до 15 години воведува Франција од јануари откако го донесе законот. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст.

