Светските мориња во јули годинава достигнаа највисоки температури кои биле било кога измерени за овој месец, со што е надминат неславниот рекорд од 2023-та година.
За време на разурнувачкиот топлотен бран што ја погоди Западна Европа, температурите на морињата достигнаа рекордни вредности на атлантскиот брег, во западното Средоземје и во други мориња, уврди службата на ЕУ за климатски промени „Коперникус“.
Првите два летни месеци во 2026 беа за 2,79 степени Целзиусови потопли од температурите вообичаени за тој период од годината, соопшти Коперникус.
Во сушните региони, кои ги вклучуваат Франција, Шпанија и делови на Германија и Британија, ниските водостои на реките го загоризја снабдувањето со вода, наводнувањето и хидроелектраните.
Слични новости
Студентите во Србија влегуваат во изборната трка
Студентското движење во Србија, кое речиси две години предводи антивладини протести и официјално ја поднесе својата изборна листа за предвремените парламентарни избори на 25 октомври.
ЦДУ победи на локалните избори во Долна Саксонија, АФД трета
На локалните избори одржани во неделата на кои право на глас имаа 6,3 милиони избирачи ЦДУ освои 27,2 насто од гласовите, СПД 24,6, додека АФД освои 15,9 насто од гласовите, пренесува денеска „Шпигел“.
Трамп: САД може да останат во Иран и да ја задржат нафтата како во Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека САД би можеле да останат во Иран и да ја „задржат нафтата“, како во случајот со договорите со Венецуела.


