Цените на акциите на светските берзи остро пораснаа минатата седмица, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати од компаниите и банките, како и од ублажувањето на инфлацијата во САД.
Цените на акциите минатата седмица пораснаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс порасна за 3,1 отсто, на 8.505 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 3,4 отсто, на 20.903 поени, а париски CAC за 3,7 отсто, на 7.709 поени.
На најголемата светска берза, њујоршки Волстрит, индексот Dow Jones скокна за 3,7 отсто минатата седмица, на 43.487 поени, додека S&P 500 порасна за 2,9 отсто, на 5.996 поени, а индексот Nasdaq порасна за 2,4 отсто, на 19.630 поени.
По остриот пад во претходните две седмица, минатата овие индекси го забележаа најголемиот седмичен скок во повеќе од два месеци. Тоа во голема мера се должи на ублажувањето на инфлацијата во САД. Имено, минатата седмица беше објавено дека потрошувачките цени во декември се зголемени за 0,4 отсто на месечно ниво, додека во целата минатата година пораснале за 2,9 отсто. Ова е за 0,1 процентен поен помала инфлација од очекувањата на аналитичарите.
Благодарение на ова, повторно зајакнаа шпекулациите за намалување на каматните стапки од страна на централната банка на САД.
„Неодамна, имаше загриженост дека Fed може дури и да ги зголеми каматните стапки, но по овие податоци, како и податоците за цените на производителите, тие стравувања стивнаа. Податоците за цените не се баш одлични, но сигурно не се ниту лоши, па можеме да заклучиме дека инфлацијата се намалува“, објаснува Стивен Масока, потпретседател на компанијата „Wedbush Securities“.
Пазарот проценува дека Fed би можел да ги намали каматните стапки на состанокот во јуни. Дотогаш, велат аналитичарите, челниците на централната банка ќе го следат влијанието на политиката на Доналд Трамп, кој ја презема Белата куќа во понеделник, врз економијата и инфлацијата.
Меѓу 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, минатата седмица најмногу скокнаа цените на акциите во банкарскиот сектор, 7,4 отсто, бидејќи неколку од најголемите американски банки објавија подобри од очекуваните квартални деловни резултати. Имено, сезоната на објавување финансиски извештаи по компании и банки започна, а првите извештаи се подобри од очекувањата.
Слични новости
Царините на Трамп може да го намалат американскиот извоз за 22 насто
Новите царини на американската администрација на Доналд Трамп врз Канада, Мексико и Кина, би можеле да го намалат американскиот извоз за 22 насто, доколку погодените држави возвратат со контрамерки, се наведува во денеска објавената анализа на Институтот за економски истражувања од Минхен.
Пад на вредноста на доларот, нафтата поевтини
На валутните пазари во раното тргување во вторникот падна вредноста на америакнскиот долар во однос на кошницата валути
Пад на Волстрит во нестабилното тргување
Се чини дека претстои нестабилно тргување за глобалните берзи, бидејќи наметнувањето царини може да предизвика трговска војна